Милчо Манчевски се закити со награда во Тексас
Краткометражниот филм на Милчо Манчевски „Четврток“ освои награда на УСА Филм Фестивал-от. „Четврток“ минатата недела беше финалист на американскиот национален натпревар за најдобар краткометражен филм на 44-тото издание на фестивалот кој се одржува во Далас, Тексас.
- „Четврток“ не беше планиран за награди. Сакав да видам дали можам во 90 секунди да набијам доволно прикаска и емоција да те погоди во стомакот, како во едно добро хаику, изјави Манчевски.
Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.
„Четврток“ досега е прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Сао Пауло, Бразил, на РАИ Муви, канал на италијанската национална телевизија, на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк, на Интерфилм во Берлин, во кино-салите во Германија, на „Листапад“ меѓународниот филмски фестивал во Минск, и др. Во Македонија премиерно беше прикажан на свечената вечер посветена на творештвото на Милчо Манчевски, која во декември ја организираше Турскиот културен центар Јонуз Имре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа