Притвор за малолетник од Скопје - крадел кај ќе стигне
СВР-Скопје со кривична пријава до Основното Јавно обвинителство-Скопје го предаде 15-годишниот А.Ќ. осомничен дека во два наврати сторил кривично дело „кражба“, со што се стекнал со противправна имотна корист од 55 илјади денари.
Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, малолетникот двете кривични дела на 19 и на 24. минатиот месец, ги извршил на подрачје на општина Центар. Искористувајќи го невниманието на оштетените со протнување на рака во првиот случај во џеб, а во другиот во чанта, одзел 1.000 американски долари, мобилен телефон и паричник во кој имало 2.000 денари и лични документи на оштетениот.
На 19 сприл во ГТЦ поточно пред продавницата Бенетон искористувајќи го невниманието на оштетениот, со протнување на рака во неговата чанта му го извадил мобилниот телефон и паричникот во кој имало 2.000 денари и лични документи, по што почнал да бега. Тој е фатен од страна на обезбедувањето на ГТЦ и доведен во Полициска станица. Со потврда за привремено одземени предмети од малолетникот се одземени мобилниот телефон и паричникот и со потврда тие се вратени на оштетениот, по што по презмените мерки е малолетникот е ослободен.
На 24 април повторно извршил кривично дело „кражба“ на плоштад Македонија каде што искористувајќи го невниманието на оштетениот, со протнување на рака во џебот одзел 1.000 американски долари во разни апоени и се упатил во „Жена парк“ каде што парите ги поделил со братот и неговата другарка кои ги потрошиле за свои лични потреби. Наредниот ден, односно на 25.04. малолетникот е лишен од слобода и доведен во Полициска станица, каде во присуство на неговиот старател во целост го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. Од страна на оштетениот извршено е препознавање и истиот со сигурност го препознал пријавениот како сторител на кривичното дело.
Инаку, малолетникот е познат сторител на кривични дела од областа на имотни деликти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа