Битолчанец осиромаши преку ноќ - еве колку пари му украле
На улицата „Охридска“ во Битола засега непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќата на 39-годишниот М.Д.
Крадецот одзел 250 евра, 9.000 денари и разновиден златен накит, причинувајќи материјална штета од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
02.05.2014 - 11:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа