Министерството за култура одвои средства за реконструкција на првото училиште на македонски јазик

 

Со средства од Годишната програма на Министерството за култура, годинава се планира да се реконструира првото училиште со настава на македонски јазик во село Подвис во Кичевско. 

Овој објект почна со работа на 23 септември 1943 година, шест дена по ослободувањето на Кичево. Василко Лазарески го одржа првиот час на македонски јазик на слободната територија на Македонија. 

- Овој објект се наоѓа во незавидна и руинирана состојба. Од тие причини и заради зачување и соодветен третман на ова значајно спомен-обележје за македонската историја, култура и образование, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на проектот за негова целосна санација и реконструкција која ќе се спроведува во неколку фази, соопшти Министерството за култура.

Реализацијата на проектот за реконструкција и санација на овој значаен споменик на културата е дел од заложбите на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура за соодветен третман и достојна презентација на објектот во кој пред 70 години за првпат се одржала настава на македонски јазик. 

01.05.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега