Намалувањето на ДДВ-то директна помош за граѓаните
Владата денеска донесе одлука за намалување на стапката на Данокот на додадена вредност за бебешките производи, училишниот прибор и сточната храна и адитивите на сточна или добиточна храна и жив добиток. За ова информираше премиерот Никола Груевски, кој истакна дека со новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што треба да се случи кон крајот на мај или во почетокот на јуни.
- Фискалните импликации што ќе ги предизвика законското решение ќе изнесуваат 380 милиони денари на годишно ниво или половина за годинава бидејќи остануваат уште шест месеци до крајот. Ќе им се помогне на родителите за намалување на нивните трошоци за децата, како и на производителите на сточна храна и на месни и млечни производи, а индиректно и на македонското стопанство заради подобрување на конкурентноста и овозможување дел од македонските млечни и месни производи да се пласираат и на странските пазари поради поконкурентна цена која ќе ја имаат, истакна Груевски на прес-конференција.
Прашан каква атмосфера ќе предизвика одлуката на СДСМ да ги врати добиените пратенички мандати на изборите, премиерот Груевски рече дека тоа е штетна одлука и за државата и за партијата.
Инаку, со новите измени, стапката на ДДв се намалува од 18 на 5 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа