ВНИМАНИЕ: Ноќеска следи тешка борба со надојдените македонски реки

 

Речните корита во Полошкиот, Кумановскиот, Повардарскиот и Струмичкиот регион се исполнети до максималната кота, па ако обилните врнежи продолжат, постои голема можност повеќето од реките да се излеaт и да предизвикаат штети.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека реката Струмешница се излеала на дел од своето течение, но по брзите преземени мерки на терен, било спречено таа да продолжи да се излева.

- Од Управата за хидрометеоролошки работи добивме известување дека врнежите од дожд ќе продолжат. Последните податоци велат дека нивото во акумулациите е на ниво кое не претставува проблем за одржување на максималните коти - вели Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи, пренесе Плусинфо.

Инаку, и денеска како и во текот на целава недела, времето во Македонија ќе биде облачно. Најавени се врнежи од дожд, ветер и грмежи.

 

29.04.2014 - 13:24
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега