„Македонија - дива убавина која чека да ја откриете“ - еве што пишува во туристичко списание во Чешка

 

Реномираното чешко списание за туризам и патување „Травел дигест“ во најновиот број ја претставува Македонија и нејзините туристички потенцијали.

 „Македонија - дива убавина која чека да ја откриете“ е насловот кој ќе ве воведе во убавините на нашата земја, јавува МИА. 

- Од малата, планинска земја се дојдени Александар Велики, просветителите Кирил и Методиј, а речиси 1.000 години подоцна и мајка Тереза. Откријте ја богатата историја, нескротливата природа и словенската гостопримливост на оваа земја порано од останатите, се вели во уводникот на обемната репортажа.

Репортажата изобилува со фотографии од специјалитети од националната кујна и локалната гастрономија. 

29.04.2014 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега