Ќе се спасиме ли од дождот? - еве какво ќе биде времето деновиве

 

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд, зголемена облачност и со услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб повремен локален дожд, а попладне со зголемена облачност, нестабилност, со пороен дожд и со појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во наредите денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но и со повремен дожд. Во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност, со пороен дожд проследен со грмежи. Температурата во однос на другите денови нема многу да се менува. 

28.04.2014 - 16:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега