Статистика измери раст на индустриското производство од 3%
Во март годинава индустриското производство во однос на лани истиот период забележало раст од 0,6%, додека во првиот квартал годинава споредено со првите три месеци од 2013 статистика измери пораст од 3%.
По сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март годинава во однос на лани, е забележано опаѓање од 3,2% кај Преработувачката индустрија, пак, е измерен пораст од 4,9% додека кај секторот за Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување на 18,2%.
Според главните индустриски групи, производството во март 2014 година, во однос на март 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 отсто и Капитални производи за 3,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,1 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа