Пет години затвор за Назми Мустафи
Судот во Косово го осуди поранешниот обвинител за борба против корупција Намзи Мустафи на пет години затвор под обвинение за корупција.
Мустафи е прогласен за виновен по две точки за злоупотреба на службената положба и за незаконско поседување на оружје.
Покрај затворската казна Мустафи ќе плати и 10.000 евра глоба.
Други четворица службеници беа прогласени за виновни за корупција и се осудени од шест месеци до четири години затвор. Секој од нив треба да плати казна од 10.000 евра.