Борисов не успеа да состави Влада
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов денеска изјави дека не успеал да обезбеди стабилно мнозинство и да формира Влада.
Инаку, на изборите на 12 мај партијата на Борисов освои 97 од 240 места во бугарскиот Парламент.
Борисов ја напушти премиерската функција во февруари во време на насилни протести против растот на сиромаштијата и корупцијата во Бугарија.