Ки Сејфт Системс ќе вработи 1000 лица

 

Ки Сејфти Системс ги утврдува банкарските, комерцијалните како и градежните детали за инвестицијата во Македонија.

Како што објави директорот Џим Скарпа деновиве во земјава интезивно се подготвуваат за стартот на производство во земјава, најпрво во посточеки, а во 2015 и во новоизграден објект.

Компанијата ќе произведува воздушни перничиња и други компоненти за автоиндустријата во Кичево за што ќе вработи од 800 до 1000 луѓе.

Ки Сејфти Системс има фабрики во 12 земји и вработува 9000 луѓе. Се работи за компанија која ги снбадува 60 автомобилски брендови, од најпродаваните како Тојота, до најлуксузните како Астон Мартин.

25.04.2014 - 22:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега