Управните служби на МВР ќе работат и викендов
Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот. Во сабота низ цела држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 08,30 до 16,30 часот.
Граѓаните кои ќе аплицираат во сабота или кои аплицирале претходниве денови ќе можат личните документи да ги подигаат и во недела (27 април), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите uправни служби од 07.00 до 19.00 часот, но само за издавање документи.
- Сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе може да извадат документи за да им биде овозможено гласањето, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа