Груевски најави нова мега инвестиција која ќе отвори 5.000 работни места

 

Премиерот Груевски на својот ФБ профил пред малку објави уште една директна странска инвестиција која ќе отвори 5000 работни места. Станува збор за турската текстилна групација Weibo, која во северо-источниот дел на Македонија ќе ја отвори најголемата текстилна индустриска зона во Европа.

- Нашата првенствена задача како влада и политичари е подобрување на стандардот на граѓаните. Мој личен фокус беше и останува раст на економијата и отворањето на нови работни места. Исклучително се вредни миговите кога се прават конкретни резултати на тој план. Затоа честитки до граѓаните за новата инвестиција во североисточниот дел која на Македонија и носи нови 5000 работни места и нови 5000 вработувања. Уште еден доказ дека има разлика! Тоа се 5000 семејства. Нашата борба за нови работни места продолжува, напиша Груевски на Фејсбук.

Станува збор за повеќегодишен производител за брендовите Massimo Dutti, Cortefiel (Шпанијиа), Barutti, Roy Robson, Brax, Hirmer, Peek & Cloppenburg (Германија), Saks 5th avenue, Dockers (САД) и за повеќе турски брендови.

Инаку WEIBO Group е најголемата турска инвестиција во Кина и нејзинот главен извршен директор Селчук Алперен е вицепретседател на советот на странски инвеститори во Кина. Групацијата има свои фабрики и во Турција и Камбоџа.

На својот сајт групацијата вели дека има политика на нула толеранција околу кршењето на човековите права, законите за детски труд и фабричките стандарди, а има страст за детали, квалитет, услуга и етичко водење на трговијата.

- Текстилната зона во Македонија, која ќе прави финални производи во неколку фабрики, ќе се нарекува “SELÇUK ALPEREN WEIBO INDUSTRIAL ZONE”, ќе почне да се гради годинава и ќе заврши до крајот на 2015, стои во соопштението на компанијата.

Иницијалната инвесетиција ќе биде 180 милиони долари и ќе вклучува фабрики изградени на 240 илјади квадратни метри на земјиште кое ќе биде со големина од 400 илјади квардати. Целосната инвестиција ќе достигне 400 милиони долари за пет години.

- Инвестицииите се очекува да придонесат за реализацијата на тексилен град во регионот и креирање на 4000 до 5000 работни места. Како резултат на инвестициите се очекува за пет години да се постигне капацитет за извоз на 600 до 800 милиони долари.

Главни пазари ќе бидат САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина и Јапонија.

 

 

24.04.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега