Нов производствен погон ќе никне во индустриската зона „Прилеп 1“
Во индустриската зона „Прилеп 1“ две прилепски фирми почнаа да градат нов погон со што ја прошируваат дејноста. Инвестицијата е 500.000 евра.
- Во новата хала што ја градиме ќе бидеме двајца инвеститори. Едниот за прашкасти производи, тоа е нашата фирма „Годам“ а другиот „Уникат градба“ ќе има елементи од градежништвото што ќе ги работи внатрешноста на објектите. Објектот се простира на 1.100 метри квадратни, вели Миле Илиоски, сопственик на прехранбена фирма „Годам“.
Сопственикот на „Уника градба“ Тоде Илиоски истакна дека ќе го прошират работењето во доменот на градежништвото, ќе отворат хала и стовариште за производство и на ПВЦ - програма.
- Инвеститорите веднаш по нашето комплетирање на инфраструктурата влегоа и почнаа со градба на своите капацитети, така што очекуваме на сите 21 парцела што беа продадени минатата година да почне да се гради, вели Илија Карески, раководител на одделението за урбанизам при локалната самоуправа во Прилеп.
Минатата недела со градба на хала од 2.5000 метри квадратни почна прехранбената фирма „Донија“ чија инвестиција со нови машини е околу 500.000 евра и ќе отвори нови 50 работни места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа