ПРОГНОЗА: Дознајте до кога ќе трае ова (не)време

 

Времето утре во Македонија ќе биде облачно и постудено за овој период од годината и со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во северните и северозападните предели на земјава каде локално повторно се очекува да наврнат околу 20 литри на метар квадратен воден талог.

Во вечерните и во ноќните часови врнежите постепено ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а и облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

В недела и во почетокот на наредната недела ќе преовладува променливо облачно време и потопло со подолги сончеви периоди, но ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Температурата ќе биде во пораст. 

18.04.2014 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега