Ахмети го честита Велигден
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска упати честитка до сите верници од христијанска вероисповед по повод големиот христијански празник Велигден.
-Посакувам токму овие празници не зближат повеќе со албанската христијанска заедница во Македонија која одбележува контуинирано враќање кон своите национални корени за да можеме заедно да ја зајакнеме оваа заедница за заедничка подобра иднина, стои во честитката.
Ви посакувам, вели Ахмети во честитката, овој голем празник да го одбележите и славите заедно со Вашето семејство во благосостојба и во добро здравје.
18.04.2014 - 15:07
Фото:
wlcentral.org
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа