Комисијата за односи со верските заедници го честита Велигден
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска денеска испрати честитка до свештенство и монаштво, како и на сите верници од Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија, по повод големиот празник Христовото Воскресение- Велигден.
- Воскресението Христово претставува радост, вистинска светлина, љубов и возвишен дар за секого. Жртвата што Христос ја даде за целиот свет ни го осветли патот кон спасението и кон целосното овоплотување со Бога. Суштината на нашите животи и суштината на нашата вера би биле бесмислени ако не победеше животот над смртта преку живиот пример на распетието и воскресението Христово, стои во телеграмата.
Денеска кога светот се соочува со големи предизвици, се вели во честитката, пораката на Христовото воскресение-Велигден никогаш не била повеќе потребна и поактуелна.
- Задача на сите луѓе без оглед на верата е да ја шират пораката за мир и љубов, бидејќи само тоа е патот кој може да води кон ослободување од целиот хаос кој владее во светот. Само преку љубовта кон ближниот и правењето на добри дела можеме да се доближиме до Бога. Силата и истрајноста Исусова на крстот ни даваат сила да истраеме во нашето соочување со секојдневните искушенија и предизвици на лично и глобално ниво, се вели во честитката.
Во таа насока, Божиновска, го истакнува и придонесот на Евангелско-Методистичката Црква во Република Македонија која дава, вели, посебен тон во јакнењето на мирот, меѓусебната љубов и соживот кај нас и во целиот свет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа