Скопјани, проверете дали во вторник ќе бидете без струја
Дел од корисниците лоцирани на улицата „6“ во општина Ѓорче Петров во вторник од 8 до 15 часот ќе бидат без струја.
Како што информира ЕВН Македонија, прекинот е со цел реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Во вторник од 8 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улицата „1 Мај“ во Кочани, а од 10 до 14 часот селото Калуѓерица, салон за мебел „Јуребо“, Злеово, месноста викана Восанци, бензинска пумпа „Еуропетрол“ и Покрајчево.
Во периодот од 9:30 до 14:30 без струја ќе бидат дел од жителите лоцирани на улица „Словенска“ во Кавадарци, а од 9 до 15 часот жителите од село Норово, Прилеп.
Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Стерјо Несторов“ во Кавадарци и од улицата „Никола Карев“ во Росоман. Од 10 до 16:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Саждево, Прилеп.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа