ВНИМАВАЈТЕ: Фалц пари кружат во Македонија

 

Двајца светиниколчани си заработија кривични пријави за фалсификување пари. Се работи за 20-годишниот Х.В. и една година помладиот Н.В. кои според податоците на полицијата, си набавиле принтер со скенер, изработиле осум банкноти од по 500 денари и 10 банкноти од по 100 денари, кои заедно ги пуштиле во оптек во повеќе локали низ центарот на Свети Николе.

Од страна на полициски службеници при извршен преглед над Х.В се пронајдени и одземени четири фалсификувани банкноти од по 500 денари и осум фалсификувани банкноти од по 100 денари, а при извршен претрес во неговиот дом се пронајдени две фалсификуван банкноти од по 500 денари и две од по 100 денари, како и опремата со која се изработени банкнотите.

17.04.2014 - 12:15
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега