Снег ги покри планините - забрани за камиони на неколку патишта

 

Забрана за тешки товарни возила е воведена од изутринава на планинскиот премин Ѓавато, патните правци Охрид - Ресен,Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар- планински превој Стража-Кичево и Струга-граничен премин Ќафасан, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од земјава има остатоци од снег на колозовот, но нема забрана за сообраќај.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. На овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

16.04.2014 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега