Премиера на „Евангелие на глупоста“ во Драмскиот театар

 

Вечерва премиерно во Драмскиот театар - Скопје ќе биде прикажана „Евангелие на глупоста“ (Далај мама во два дела), според текст и во режија на Љубиша Георгиевски.

Во претставата играат бардот на македонската глума Милица Стојанова, Благој Чоревски, Ирена Ристиќ, Филип Трајковиќ, Игор Георгиев, Катерина Шехтанска - Лаковска, Трајанка Илиева - Таци, Игор Ангелов, Славиша Кајевски, Валдета Исмаили, Ана Костовска, Александра  Павлова, Диме Илиев и Златко Митрески. Првпат на сцената на Драмскиот театар гостува Петар Мирчевски.

Костимографијата и сценографијата се на Мери Георгиевска, а музиката на младиот Гаврило Миловановиќ.

Текстот на претставата, како што информира режисерот Георгиевски, е напишан во 2002 или 2003 година, а игран е во режија на Пројковски во Народниот театар-Битола пред шест или седум години. Ова е скопска премиера.

- „Евангелие на глупоста“ (Далај мама во два дела) е приказна за распадот и крајот на т.н. западна цивилизација на која и припаѓаме и ние и со која агонизираме, изјави Георгиевски и додаде дека се работи за трагична фарса во која ликовите немаат релевантни проблеми. 

12.04.2014 - 11:30
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега