Богов во Вашингтон: Ќе продолжи трендот на закрепнување на економијата

 

Македонија очекува да оствари добар економски раст во текот на годинава од 3,7 проценти според прогнозите на Народната банка на Република Македонија, изјави гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов во Вашингтон каде ја предводи делегацијата на пролетните средби на ММФ и Светска банка.

Тој додаде дека економијата на Европската Унија во текот на оваа година ќе порасне за над еден процент, откако минатата година имаше пад од 0,5 проценти што е добар знак и за македонската економија бидејќи таму оди најголемиот дел од нашиот извоз. - Се очекува, истакна,  дека ќе продолжи трендот на закрепнување на економијата. Доколку од разни причини, дали поради дефлација, или од геополитички причини дојде до помал раст во европската економија, тоа ќе влијае и врз македонскиот раст, изјави гувернерот Богов.

Оценките на пролетната средба на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка во Вашингтон, за економската состојба во југоисточна Европа е дека работите одат на подобро, со солидна стапка на раст за Македонија.

11.04.2014 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега