Попоски: Проектите на ВМРО-ДПМНЕ ќе му помогнат на гостиварскиот регион

 
Носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Изборната единица 6, Никола Попоски во рамките на својата поста на Гостивар ја посети компанијата за преработка на камен и изградба на патишта "Прогрес 98". Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ му дава особено значење на градот Гостивар и овој регион.
 
-  ВМРО-ДПМНЕ во својата програма "Проверено" има предвидено многу проекти од големо значење за регионот. Од многуте, би го споменал Проектот Рехабилитација на регионалниот пат Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар којшто ке придонесе за подобрување на комуникацијата меѓу жителите на овие населени места и подигнување на безбедноста, истакна Попоски.
 
 
Попоски се сретна и со Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и изрази задоволство од нивната активност и ангажираност како во минатото, така и во моментов.
11.04.2014 - 15:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега