ФОТО: Се ожени 91 годишен Македонец од Самоков - си зема 20 години помлада сопруга

 

Во матичното одделение во село Самоков, склучен е брак помеѓу најстариот младоженец во Македонија, Теодосија Јанкулоски и Стојмирка Сиљаноска, пишува Нова Македонија.

Теодосија оваа пролет ќе наполни 91 година додека неговата сопруга е20 години помлада. И на двајцата ова им е втор брак а имаат и деца. 

-Многу сум среќен поради овој чин, бидејќи нашата заедничка живеачка конечно ја крунисавме со брак,  рече младоженецот Теодосија.

Чинот на склопување на бракот на највозрасните брачни другари, го изврши советникот при ЕЛС Македонски Брод, Борис Милески,кој им посака уште долги години да бидат заедно, многу здравје и среќа во заедничкиот живот.

Семејството Јанкулоски живее во село Брест, Општина Македонски Брод.

 

 

11.04.2014 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега