„Запознајте го УКИМ“

 

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска на својот кампус од 10 до 17 часот организира отворен ден „Запознајте го УКИМ“, на кој факултетите на штандови ќе ги претстават  програмите за додипломски, постдипломски и за докторски студии.

Посетителите ќе имаат можност да разговараат со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во Македонија.

Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот - монографии, учебници, преводи и научни списанија.

На манифестацијата ќе присуствуваат министерот за образование и наука Спиро Ристовски и ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски

11.04.2014 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега