Значително подобрена состојбата со бизнис климата во Македонија

 

Состојбата со бизнис климата во Македонија е значително подобрена во однос на лани, покажуваат резултатите од Анкетата за конјуктура во Македонија 2013/2014, спроведена од Стопанската комора на Германија во Македонија во периодот од 1 февруари до 3 март годинава.

- Сегашната економска состојба во Македонија како добра ја оценија 19 отсто од фирмите, како задоволителна 57 отсто, а како лоша 24 отсто, а 43 отсто од нив очекуваат подобрување во 2014 година. Лани 42 отсто од компаниите ја оценија актуелната економска состојба како лоша, а само 8 отсто како добра што практично  покажува дека годинашните се најдобри резултати за оценка на општата економска состојба од почетокот на спроведувањето на анкетата во 2007 година, рече директорот на Германската стопанска комора во Македонија, Мартин Кнап.

Тој посочи дека на прашањата во анкетата одговор дале 43 фирми, претежно мали и средни кои се регистрирани во Германија или се фирми ќерки на германски компании во Македонија.

- Моменталната деловна ситуација на својата компанија за добра ја сметаат 36 отсто од испитаниците, 52 отсто ја оценуваат како просечна, а 12 отсто велат дека се наоѓаат во лоша економска ситуација. Над 57 отсто од компаниите очекуваат  подобрување на нивната деловна состојба во 2014 година, 39 отстопрогнозираат  непроменети услови, а само 2 отсто очекуваат потешка економска состојба. Од испитаните компании 62 отсто очекуваат покачување на нивниот промет, 31 отсто задржување на прометот на истото ниво, а само 7 отсто паѓање на прометот. Дури 43 отсто од испитаниците очекуват да ги зголемат своите инвестиции во Македонија во 2014 година, а 32 отсто ќе вработат нови работници. Од испитаните компании 85 отсто повторно би инвестирале во Македонија, посочи Кнап.

Сепак, како главни забелешки на анкетираните компании ги посочи платежната дисцпилнина на фирмите и јавната администрација, особено на локално ниво.

- Има големо задоволство од даночната политика и даночната администрација што е реткост во некоја замја, но сметам дека јавната администрација, особено на локално ниво треба да тежнее да ја достигне даночната за да се привлечат дополнитени странски инвестиции. Македонија направи значајни чекори за да привлече странски инвеститори, но нема причини да престане со тоа, бидејќи секогаш има можност за подобрување, рече Кнап.

Атрактивноста на Македонија, нагласи, според членовите на Македонско-Германското стопанско здружение е далеку најдобра  од земјите во регионот и е некаде кон средината од сите 20 земји во Југоисточна Европа. 

- Македонија е рангирана како атрактивна земја за инвестици во споредба со другите соседни земји. Скепсата која постоеше околу инвесстирањето во минатите години полека попушта, фирмите гледаат на иднината со полагодно. Тоа значи дека иницијативите што Владата ги презема покажуваат резултати. Повеќе големи германски фирми веќе се стационираа во Македонија и се добар пример за сите останати кои би имале намера да влезат на македонскиот пазар и да инвестираат овде, рече Кнап.  

Македонија е една од ретките земји во светот која има суфицит со Германија и извезува двојно повеќе стоки отколку што увезува.

Вицегувернерот на Народна банка на Република Македонија, Маја Кадиевска Војновиќ рече помеѓу македонската и германската економија постојат тесни врски кои се манифестираат преку трговскиот канал, капиталните текови пресликани во странските директни инвестиции и дознаките од нашите граѓани кои се на привремена работа или се иселени во Германија.

- Германија беше, е и го засилува значењето на наш најголем трговски партнер. Во 2008 година во Германија се извезуваше 14 отсто од вкупниот извоз на земјава во светот или 383 милиони евра, а во 2013 учеството е 36 проценти или 1.154 милиони евра. Во извозот покрај текстилната и металопреработвачката индустрија во последните две години значајно е и учеството и нановите капацитет кои  работат во технолошко-индистриските развони зони, рече Кадиевска Војновиќ.

Германија, додаде согласно најновите податоци се искачи на листата меѓу 10. најзначајни странски инвеститори. Во 2013 вкупно влегле 27 милиони евра германски директни инвестиции во Македонија.

МИА

10.04.2014 - 15:55
Фото: 
Вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега