Повлечена од продажба штрудлата со смоква на „Житопрерада“

 

 

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе превентивна мерка за повлекување од продажба на штрудлата на српскиот производител „Житопрерада“ по добиената информација дека содржи микотоксин охратоксин А над максимално дозволените концентрации. 

- Оваа компанија во изминатите шест месеци, во земјава увезла пет пратки  со производи со мешовит состав (кекси, вафли, штрудли со различен вид на полнење). Од страна на инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство при увозот земени се четири мостри, за кои по извршените лабораториски анализи е потврдено дека се негативни, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Исто така, Агенцијата за храна и ветеринарство и изрече и забрана за компанијата увозник за ставање во промет на количините кои се наоѓаат во магацините.

08.04.2014 - 12:38
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега