Неработен ден за Ромите - еве кои денови ќе одмараме до крајот на годинава

 

Во Македонија и во светот денеска се одбележува 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, народ од индоеврпоско потекло од областа Пенџаб кој нема матична држава и е раселен насекаде низ светот. По тој повод, денеска овој ден е неработен за припадниците на Ромската заедница.

Во Македонија Ромите се една од малцинските етнички групи.  Според пописот од 2002 година, во Македонија живеат околу 53.879 Роми или 2,66 отсто од вкупното население. Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството се Роми, а воедно и единствена општина во светот каде ромскиот е официјален јазик, покрај македонскиот. Исто така, со Уставот од 2001 година, Ромите во Република Македонја се признати како народ единствено во светот.

Ромите се претежно населени во градовите и дури 95 отсто од македонските Роми живеат во градските средини.

Ова се сите неработени денови до крајот на годината.

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 01 мај (четврток), Ден на трудот

• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (сабота), Ден на Републиката

• 08 септември (понеделник), Ден на независноста

• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 

• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

08.04.2014 - 09:21
Фото: 
фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега