Повредени две девојки и момче - еве ги деталите од стравичната сообраќајка на „Партизанска“

 

Двајца пешаци заработиле тешки телесни повреди, а еден полесни повреди во вчерашната несреќа која се случи на булеварот „Партизански Одреди“ во скопски Карпош. Повредените лица се задржани на понатамошно лекување на скопските Клиники.

Несреќата се случи доцна синоќа на булеварот „Партизанска“, кога автомобил „Ауди“ удри во паркирано возило а потоа и во сендвичарата „Вили“ во скопски Карпош. Повредени се две 20 годишни девојчиња и едно 19 годишно момче, сите од Скопје.

Според информациите од полицијата, увидот траел до рано утринава. Се уште не се познати причините за несреќата.

06.04.2014 - 12:38
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега