ДС бара заедничко иницирање прием на Македонија во НАТО
Демократскиот сојуз, по повод 50 години од формирањето на НАТО, преку соопштение ги повикува политичките партии, навладините организации и другите граѓански асоцијации, како и граѓаните, да иницираат прием на Република Македонија во НАТО, до генералниот секретар Андрес Фог Расмунсен, на Самитот што ќе се одржи на 4 и 5 септември годинава во Јужен Велс.
- На овој начин ќе ја искажеме нашата цврста определба и подготвеност Македонија да биде дел од колективниот безбедносен систем. Република Македонија ги спроведе сите реформи во одбраната и другите области и активно партиципира во мировните мисии (Ирак, Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан), а од 2008 година ја очекува поканата за полноправно членство во НАТО, соопшти денеска Демократскиот сојуз.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа