Крива Паланка: 32-годишна жена заразена со морбили

 

Во Крива Паланка минатиот месец е регистриран еден случај на пациент заразен со вирусот на морбили. Се работи за пациентка на 32-годишна возраст од општина Ранковце која не ги примила двете дози на МРП-вакцината, а изворот на заразата се уште е непознат.

Пациентот е во возрасната категорија каде најчесто се појавува вирусот, од 15 до 64 години, а во споредба со изминатите три месеци најголем број случаи на заболени од грип се пријавени во февруари, вкупно 36 случаи, пренесе МИА.

Годинава бројот на заболени од грип е речиси три пати поголем ако се земе предвид дека во првото тримесечје годинава се регистрирани 59 случаи, а лани, за истиот период имало 21.

 

03.04.2014 - 11:02
Фото: 
365.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега