„Прото Тема“: Нимиц подготвува нов предлог за Скопје

 

Евангелос Венизелос во изјавите од Брисел навести дека Метју Нимиц подготвува нов предлог за Скопје. Како што пишува грчкиот весник „Прото Тема“, откако Венизелос се сретнал со Бан Ки Мун, изјавил дека разговарале за „кипарското прашање и за иницијатива на Нимиц во врска со прашањето за името“.

Токму во оваа изјава на Венизелос, „Прото Тема“ гледа навестување за нов предлог на Нимиц, кое го поврзува и со најавената посета на медијаторот на регионот, по изборите во Македонија и Грција „со цел да даде нов предлог“, јави дописникот на МИА од Атина.

Кусата средба меѓу шефот на грчката дипломатија и Бан Ки Мун се одржа на маргините на самитот ЕУ-Африка во Брисел.

03.04.2014 - 09:53
Фото: 
денешен.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега