Статистика: Повеќе венчавки, помалку разводи во Македонија
Повеќе бракови и помалку разводи се регистрирани во првиот квартал минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Во првите три месеци од 2012 година склучени се 2.893 бракови што е за 5,9 отсто повеќе, а бројот на разведени бракови изнесува 573, за разлика од претходната година кога биле разведени 626 бракови.
Според објавените податоци природниот прираст во земјава во првиот квартал од годинава изнесува 423 лица. Во овој квартал, бројот на живородените деца изнесува 5.397 и е за 1,7 отсто повеќе од овој период лани.
Според објавените податоци бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2013 година бележи намалување од 13,8 отсто и изнесува 4.974 лице. Од нив 46 се умрени доенчиња.