Оглас за волонтирање во Геронтолошки завод „13 Ноември“

 

Здружението за меѓугенерациска солидарност „Доблест“ објави јавен оглас за ангажирање пет до десет лица за грижа на стари лица во периодот од мај-септември годинава. 

Повикот, како што се наведува во соопштението од „Доблест“, се однесува за грижа на старите лица сместени во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“, оддел „Мајка Тереза“. Избраните учесници ќе добиваат финансиски надомест од 4.500 денари (бруто износ).

Од Здружението посочуваат дека целта на повикот е примена на европските примери и позитивни практики за поттикнување на волонтерската работа, хуманоста и солидарноста за помагање на старите лица. 

02.04.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега