Македонија 63. на Листата за олеснување на трговијата

 

 

Македонија е рангирана на 63. место од вкупно 138 земји во најновиот Извештај за олеснување на трговијата за 2014 година што го објавува Светскиот економски форум. Индексот на Македонија од скалата од 1 до 7 е 4,1.

Главни критериуми се отвореност на пазарот, грaничните процедури, развиеност на инфраструктурата и оперативно окружување, односно пристап до домашниот пазар, пристап на странските пазари, ефикасност и транспареност на граничната администрација, достапност и квалитет на транспортната инфраструктура и транпортните услуги.

Македонија најдобро е рангирана според пристапот до пазарите на 23. место со индекс 4,3, на 85. место е според ефикасност и транспарентност на гранични процедури, на 85. место според инфраструктурата и 43 место според оперативното опкружување.

Од земјите во регионот Србија е рангирана на 89. место, Босна и Херцеговина на 78, Хрватска на 56, Црна Гора на 49 и Словенија на 38 место.

На врвот на листата се Сингапур и Хонг Конг, а меѓу првите десет се Холандија, Нов Зеланд, Финска, Велика Британија, Швајцарија, Чиле, Шведска и Германија.

Глобалниот извештај се објавува од 2008 година, секоја втора година.

02.04.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега