Полско-американскиот конгрес со писмо до Обама: Македонија да стане дел од НАТО

 

Полско-американскиот конгрес испрати писмо до американскиот претседател Барак Обама со кое бара Македонија да стане членка од НАТО семејството.

Во писмото до претседателот Обама, како што информира Обединетата македонска дијаспора ПАК, глас на повеќе од 12 милиони Американци со полско потекло,  јасно ја искажува нивната загриженост дека проширувањето мора да стане приоритет на овогодинашниот Самит: - Силно веруваме дека НАТО проширувањето во Централна и Источна Европа ќе ја зајакне безбедноста во регионот, а во однос на моменталната криза во Украина и Крим, посебно со навлегувањето на Русија во регионот, чувствуваме дека е потребно НАТО да ги отвори своите врати оваа година на нашите сојузници како што е Македонија, се вели во писмото од претседателот на ПАК, Френк Џ. Спула до Обама.

Од независноста на Македонија во 1991 година, земјата е посветена во достигнувањето на НАТО стандардите за членство и го поддржува НАТО во неговите главни мисии како сојузник во вооружените сили, вклучително во Авганистан, Босна и Хрецеговина, Ирак, Косово и Либан со тоа што ги понуди своите воени лица и залихи. Македонија ги исполни сите барања потребни за да стане земја членка на Алијансата, вклучително и комплетирањето на Акцискиот план за членство и нејзината контиунирана поддршка на интересите на НАТО во Југоисточна Европа и подалеку, се посочува во писмото и се нагласува дека Македонија требада го добие заслуженото.

Конечно, се нагласува, Македонија има добиено, за време на овие шест години откако е квалификувана за НАТО, поддршка од многу земји членки во НАТО за прием во Алијансата.

- Во овие земји поддржувачи на Македонија спаѓа и Полска како и нејзината  иселеничка заедница во САД под водство на Полско-Американскиот Конгрес, каде двете ја имаат изразено својата гласна поддршка... Ние сме горди да кажеме дека откако Полска влезе во НАТО, земјата доживеа голем број на подобрувања како на домашен, така и на меѓународен план. Овие придобивки вклучуваат прогресивно чувство на безбедност и сигурност кои и дозволуваат на Полска да биде силен партнер и да се залага за принципите на слобода и демократија во регионот, се прециазира во писмото.

01.04.2014 - 11:22
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега