Попоски и Венизелос на конференција во Брисел

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе биде дел од Меѓународната конференција за заштита од геноцид во Брисел.

Како што јавува МИА, на конференцијата на која ќе биде македонскито министер за надворешни работи, ќе присуствува и неговиот грчки колега, Венизелос.

Иако не е најавена средба меѓу македонскиот и грчкиот миинистер, можно е на маргините на оваа конференција посветена на страдањето на цивилите во светот, Попоски и Венизелос да остварат неофицијална средба, како продолжение на нивните зачестени средби во последно време, откако Грција го презема претседателството со Советот на Европската унија.

01.04.2014 - 09:47
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега