Постои добра основа за влез на австралиски капитал во Македонија
Делегација на македонската заедница од Западна Австралија предводена од почесниот конзул на Република Македонија во Австралија Зоран Ќосески денеска се сретна со австралискиот министер за имиграција и гранична заштита Скот Морисон.
На средбата соговорниците разговарале за визното очеснување на македонските граѓани, унапредување на односите меѓу двете земји, за можностите за зголемување на трговската размена и за инвестирање на австралиски бизнисмени во Македонија. Македонската делегација и министерот Морисон разговарале и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за нејзините напори за зачувување и развивање на јазичниот и културниот идентитет во рамки на мултикултурна Австралија, како и за потпишување на натамошни билатерални договори помегу Македонија и Австралија.
Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина да и дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти на културен план и ќе работи на интензивирање на односите меѓу двете држави, истакнал на средбата министерот Морисон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа