Индустриското производство во февруари со раст од 4,1 отсто

 

Индустриското производство во февруари годинава бележи пораст од 4,1 отсто, објавува Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство вадење камен во однос на февруари 2013 година, бележи пораст од 3,5 отсто, во преработувачката индустрија бележи пораст од 10 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
опаѓање од 21,5 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,5 отсто и Капитални производи за 39,1 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергијата за 16,5 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 7,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 отсто.

28.03.2014 - 09:35
Фото: 
Фактор

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега