ФОТО: Намален бројот на заболени од грип - еве каква е состојбата

 

Во текот на 12-тата недела од 2014 година во Македонија се пријавени 1.142  новозаболени од грип, што претставува намалување за 34,7% во однос на минатата недела и 32% намалување во споредба со бројот на заболени во 12-тата недела минатата сезона.

 

Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, се бележи зголемување за 76,2%.

Во сезоната 2013/2014  вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 27.552 (МБ 134,1/10.000). Во споредба со истиот период минатата година, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи во сезоната за 25%, а во однос на просекот за 10-годишниот период се регистрира зголемување за 58%.

Во текот на 12-тата недела нема регистрирано смртен случај асоциран со инфекција со вирусот на грип, а вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.

Дистрибуцијата на заболени и морбидитетот по возрасни групи во сезоната 2013/2014 покажува најголем број заболени во возрасната група од 15-64 години - 65,3%, а најголем МБ (230,8/10.000) е регистриран кај децата до 4-годишна возраст.

 

27.03.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега