Пешевски. И понатаму ќе даваме силна поддршка за занаетчиството

 

На годинешното собрание на Меѓународната работилница во рамки на проектот „Западен Балкан“, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека Владата на Република Македонија врши континуирана поддршка на секторот занаетчиство.

Ние во изманитиот период и она што го планираме во иднина е на занаетчиството да продолжиме да му даваме силна поддршка, имавме и посебен проект наречен Релулаторна гилотина за занаетчиите за поедноставување на процедурите за занаетчиите. Програмата за самовработување во Агенцијата за вработување исто така е воглавно насочена кон занаетчиската дејност и имаме континуиран дијалог со Здружението на занаетчии тие се членови на Националниот совет за претприемништво и конкурентност, а континуирано работиме и на изготвување анализа на законски решенија во оваа област и ова е нешто што ќе продолжиме да го работиме во иднина, бидејќи занаетчиството е во многу сегменти комплиментарно и со другите дејности особено со секторот туризам, кој што во последните години зема замав и има голем потенцијал, посочи Пешевски

Кординаторката на Занаетчиската комора во Германија, Евелина Парванова, истакна дека Занаетчиска комора Кобленц повеќе од 11 години е присутна во Македонија се со цел да го пренесе германското искуство на македонските занаетчии.

-Се одбидуваме, да го зајакнеме, да го поддржиме занаетчиството како во Македонија така и во ЈИЕ затоа што веруваме дека тоа е темел за економски развој, нагласи Парванова, пред почетокот на годинешното собрание на Меѓународната работилница во рамки на проектот „Западен Балкан“.

Според, претседателката на Занаетчиската комора на Македонија Весна Симова, во Македонија благодарение на субвнециите и помошта од Владата постои перспектива за оживување на занаетчиството. 

ФОТО: Курир

27.03.2014 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега