Денеска дожд и грмежи - викендов сонце

 

Времето  во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне кога ќе има услови за локална нестабилност во вид на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд особено во попладневните часови. Ќе дува и умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време. 

27.03.2014 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега