Не излегувајте од дома без чадор - и утре ќе врне цел ден

 

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне кога ќе има услови за локална нестабилност во вид на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд особено во попладневните часови. Ќе дува и умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

И во петок ќе има локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет.

За време на викендот ќе преовладува сончево и потопло време.

26.03.2014 - 17:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега