Заменик-министерот Темелковски на конференција во Полска

Заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски учествуваше на конференцијата „Зелен раст–платформа на знаење“ во организација на Светска Банка, што се одржа во Варшава.

Загадувањето и економските анализи на фосилните горива, зелените иновации и зелените работни места, европските искуства од „Шемата на тргување на карбонските емисии“, моделирање на климатските промени, политики и потенцијали на обновливите извори на енергија, зелени даноци и такси, како и мерење и следење на зелениот развој, биле теми опфатени на конференцијата, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Платформа на знаење на „зелен раст“ претставува глобална мрежа на експерти од областа на истражувањето и развојот, кои ги идентификуваат и ги лоцираат глобалните празнини на теоријата и праксата на зелениот развој. Експертите воедно комуницираат и советуваат политичари и практичари по пат на политички водич, добри практики, инструменти и механизми, а изработуваат и дата-бази со кои ја поддржуваат зелената економска транзиција. Во фокусот на платформата е споделување знаење, негово спроведување во пракса и јакнење на капацитетите на земјите во развој.

најчитано сега