Пунктови за наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ - еве ги деталите

 

Граѓаните кои сакаат да учествуваат во наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ покрај по пошта, ковертите со кои можат да освојат бројни вредни награди можат да ги оставаат и на специјално одредените пунктови од кои еден е во зградата на МРТ, во седиштето на Државна лотарија на Македонија, а другите се на различни локации пред уплатно - исплатни места за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, обележани со знакот - СРЕЌНО МЕСТО.

Во среда од 11 до 15 часот ковертите може да се оставаат во во Гевгелија - продажно место „МОНТЕ МК“ и во Кавадарци - продажно место „СИГМА“. Во четврток  во истиот период ковертите мое да се оставаат нво Битола на продажно место „ВАГАБОНД“  и во Прилеп на продажно место „ТОБАКО ПЛУС“. Во петок граѓаните своите коверти со фискални моѓат да ги остваат од 11 до 15 часот во Охрид продажно место „ПРАГМА“, во Струга - продажно место „КИКИ ТВИНС“ и во Кичево - продажно место „ДЕТЕЛИНКА“. Во сабота во истиот период фискални мсетки ќе се оставаат во Гостивар на продажно место „ЈОТОН“ и во „Тетово“ на продажно место „БАРТОН“.

По пошта граѓаните ковертите можат да ги испраѓаат со наменската поштенска марка по цена од 8 денари која може да ја добијат во сите експозитури низ РМ.

Четрврото извлекување на наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ треба да се одржи на 31 март, во живо на МРТ во 20 часот. Во ова 4 коло на наградната игра се извлекува за еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехрамбени продукти во вредност од по 1000 денари.

За потсетување, за да бидете дел од наградната игра треба да испратите 20 фискални сметки со најран датум од 15 ноември 2013 година во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра.

23.03.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега