Штипската општина сама ќе го организира „Макфест“

Општина Штип годинава сама ќе го организира Фестивалот за забавна музика „Макфест“.

- Цениме дека овој Фестивал треба да биде нешто повеќе од ланскиот и нешто повеќе од пред две години. Лично мислам дека имаме капацитет да направиме одличен фестивал и сум силно убеден дека граѓаните на Штип ќе уживаат во сите оние нумери, песни кои ќе бидат изведени на двете вечери на фестивалот. Посебно ќе ми биде мило ако тие песни се вртат цела година на телевизиите и радијата. „Макфест“ ќе биде дефинитивно оној стариот и каде ќе се бара карта повеќе, рече Захариев.

Фестивалот „Макфест“ ќе се одржи во октомври, традиционално в петок и во сабота.

 

најчитано сега