Димовски: Македонското млеко е најквалитетно млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска изврши обиколка и контрола на млекопроизводствени капацитети во Битола и битолско.
За време на посетата на битолската млекарница БиМилк Димовски посочи дека средбата со менаџментот на млекарницата овозможила да се информира за проектите кои ги реализира МЗШВ во соработка со таа компанија, со која како што рече министерот Димовски имаат традиционално добри партнерски односи.
- Најголем дел од потрошувачите се уверени и потврдуваат дека македонското млеко е најквалитетното млеко. Нешто со што можеме да бидеме горди и задоволни е токму брендот на БиМилк заради тоа што го пласира на пазарот е со врвен квалитет. Битолската млекарница е таа што покажува најдобри резултати при запазувањето на сите критериуми и истовремено драго ми е што е зголемен капацитетот, производството на дневна основа на млеко и млечни производи, а истовремено се реализираат инвестициски зафати и нови погони и линии со цел уште повеќе да се зголеми квалитетот на македонското млеко, истакна Димовски.
На денешната прес-конфренција во Битола беше соопштено дека БиМилк во првиот квартал од оваа година го зголемиле домашниот откуп за 15 отсто, а тоа се должи на зголемениот увоз на висококвалитетни грла од Европската унија, како и субвенциите кои ги олеснуваат давачките на фармерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа