Паника во Делчево - беснееја 20 пожари

 

Дваесетина пожари синоќа предизвикаа паника во делчевско. Според информациите на Канал 77, силниот ветар кој вчера беснеел предизвикал огнени пламени да се шират од оџаци, депонии, трансфрматори. Гореле оџаци во селата Вирче, Габрово, Стамер, Звегор, но и низ Делчево. 

Ветерот кој дуваше со брзина од 8 метри во секунда за два часа се закануваше да направи катастрофа. Доколку не се смирел силниот ветер ќе била прогласена и вондредна состојба, информираат конадирот на ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски, пренесе Канал 77.

Пожарниокарите вчера се бореле и со шумски пожари. Апелираат граѓаните да внимаваат и да се чистат оџаците и да не се палат стрништа.

 

21.03.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега