Фич го потврди стабилниот ББ+ кредитен рејтинг на Македонија
Кредитнта агенција Фич го потврди кредитниот рејтинг на Република Македонија на ББ+ стабилен. Ова е големо признание за економските политики и политиките воопшто кои се спроведуваат во земјава.
Потврдата на стабилниот кредитен рејтинг на Македонија доаѓа во време кога се намалува рејтингот на силни економии како Русија, Турција, Србија, Хрватска...
Фич во својот извештај го нотира умерениот буџетски дефицит, како и нискиот државен долг. Како што истакнува агенцијата државниот долг на Македонија ќе се задржи на умерено ниво од 36 до 37 отсто до 2015 година.
Фич забележува дека Владата продолжува со капиталните инвестиции, дека странските инвестиции растат и значително придонесуваат за раст на извозот, што води до потврда на проекцијата на Владата за раст од 3,5 отсто на економијата за 2015.
Како што понатаму забележува Фич во однос на бизнис климата во земјава, Македонија се истакнува во условите кои ги нуди за водење на бизнис.
За банкарскиот сектор кредитната агенција оценува дека е добро капитализиран, додека државната валута е стабилна.
Во однос на состојбата на политичката сцена во земјава Фич во својот извештај наведува дека очекува владеачката ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори да го зголеми бројот на пратеници. Исто така, кредитната агенција оценува дека изборите ќе се одржат во мирно окружување и нема да имаат негативно влијание на политичката состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа